Испечати

Сируп од вишни

Сируп од вишни

Состојки

  • 2 кгр. вишни
  • 800 гр шеќер
  • 1 стапче цимет
  • 4 каранфилчиња

Подготовка

Уште еден мој предлог за сируп од вишни, а знам дека има многу рецепти за добар домашен сируп
- Измиени вишните ставете ги во сад, додајте го шеќерот, циметот и каранфилчето,  се добро измешајте.
- Затворете го садот со газа и оставете на собна температура да стои 2-3 дена, но за тоа време промешувајте да се топи шеќерот во сокот кој што тие го пуштаат.
- После тоа испасирајте ги вишните и процедете ги.
- Ставете во тенџере нека зоврие убаво, соберете го топол и добро затворете ги шишињата.
- Служете растоврен со ладна вода и кришка лимон.

Совет
- Овој сируп може да послужи и како прелив на сладолед, колачи...
- Кој не ги сака вкусовите на циметот и каранфилчето во овој прекрасен сируп - тогаш изоставете ги.
- Ова е концетрат од сокот на вишните, забележавте дека нема вода ниту капка.