Сендвичи со плескавици од тиквичка и соја
Во длабок сад изрендајте ја тиквичката и оставете ја да отстои, додека пушти вода. Потоа исцедете ја и додајте ги соините трошки(претходно потопени во топла вода и исцедени), додајте ги и останатите состојки за плескавиците и убаво измешајте.
Со лажица земајте од смесата и пржете ги плескавиците во претходно загреано масло.
Испржените плескавици вадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.
Потоа пригответе го додатокот од компири--
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи.
Додајте го ситно сецканиот кромид и ситно изренданиот морков. Пропржете додека омекнат, а потоа додајте го испасираниот компир.
Пржете на тивок оган додека смесата убаво се умеси во тавата односно почне да се одлепува од краевите.
Додајте го и пармезанот, зачинете со мешан сув зачин и црн бибер и убаво промешајте.
Сендвичите формирајте ги така што парче леб ќе го премачкате со сенф, ставете една плескавица, потоа од смесата со компир, одозгора ставете уште една плескавица и лист марула.
Затворете го сендвичот со уште едно парче леб.
На ист начин направете ги и останатите сендвичи.
Лиценца: Сите права се задржани