Испечати

Сендвичи со плескавици од тиквичка и соја

Сендвичи со плескавици од тиквичка и соја

Состојки

  • 12 тост лебчиња
  • Плескавици
  • 1 тиквичка
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици соја трошки
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 2-3 чешниња лук
  • по потреба мешавина од сув зачин, црн бибер
  • Додаток од компири
  • 3-4 варени компири
  • 1 морков
  • 1/2 главица кромид
  • 2 лажици пармезан
  • 50гр. путер
  • по потреба мешан сув зачин, црн бибер
  • За премачкување на лебчињата- сенф
  • 6 листови марула

Подготовка

Во длабок сад изрендајте ја тиквичката и оставете ја да отстои, додека пушти вода. Потоа исцедете ја и додајте ги соините трошки(претходно потопени во топла вода и исцедени), додајте ги и останатите состојки за плескавиците и убаво измешајте.
Со лажица земајте од смесата и пржете ги плескавиците во претходно загреано масло.
Испржените плескавици вадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.

Потоа пригответе го додатокот од компири--

Во тава на оган ставете го путерот да се растопи.
Додајте го ситно сецканиот кромид и ситно изренданиот морков. Пропржете додека омекнат, а потоа додајте го испасираниот компир.
Пржете на тивок оган додека смесата убаво се умеси во тавата односно почне да се одлепува од краевите.
Додајте го и пармезанот, зачинете со мешан сув зачин и црн бибер и убаво промешајте.

Сендвичите формирајте ги така што парче леб ќе го премачкате со сенф, ставете една плескавица, потоа од смесата со компир, одозгора ставете уште една плескавица и лист марула.
Затворете го сендвичот со уште едно парче леб.
На ист начин направете ги и останатите сендвичи.