Прво на измиените листови блитва им го одстрануваме средишниот, задебелен бел ден.
Потоа неколку секунди ги бланшираме во зовриена вода.
ги процедуваме и оставаме да се подизладат.
Во сад ги соединуваме ренданото и не исцедено тикве, јајце, пециво, ракија, брашно и зачините.
Ја додаваме и сецканата блитва.
соединуваме убаво.
Во тава ставаме малку масло и ја загреваме на умерен оган.
Со помош на лажица земаме од смесата и формираме плескавици.
Ги пржиме од двете страни да заруменат.
Ги редиме на хартиени салфети па сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани