Сендвич Монте Кристо
Измешајте ги мајонезот и сенфот.
Премачкајте го првото парче тост леб и ставете го на подлога.
Врз него ставете по 2 парчиња мисиркина шунка, па врз нив едно гауда.
Премачкајте го второто лепче тенко од двете страни и ставете го врз слојот.
Повтортете ја постапката како со првиот слој фил.
Најгоре ставете го третото лепче премачкано само од долната страна.
Разматете го јајцето и во тава ставете мало парче путер да се стопи.
Стиснете го малку сендвичот да се спои и обемно измакајте го од сите страни со јајце, дури и по страните.
Ставете го да се пржи најпрво од двете страни, а потоа и од секоја бочна страна користејќи штипка за храна.
Послужете го топол, веднаш.
*Доколку тост лебот не ви е рамен или сакате милиметарска естетика на рабовите, можи да ги исечите корките од лебот пред да почните со работа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови