5
мај
2014
Сендвич колачиња со афион
Во сад за матење ставете ги маргаринот, шеќерот и ванилата.
Матете додека не станат пенести.
Додајте го јајцето и матете додека се соединат убаво.
Потоа додајте го афионот и брашното и замесете тесто.
Тестото завиткајте го во најлонска фолија и оставете да стои во фрижидер 30 минути.
Од тестото меѓу 2 листа хартија за печење развлечете кора со дебелина по ваша желба и со калап вадете форми.
Колачињата наредете ги во плех обложен со хартија и печете на 180 степени, 15 минути.
Kремот измешајте го со маскарпонето.
Сите колачиња спојте ги со оваа мешавина од еурокрем и маскарпоне.
Лиценца: Сите права се задржани
Vi blagodaram na site:)