Подготовка:

1. Црвен фил- Јагодите ги оставаме да се одмрзнат. Доколку пуштат многу течност, исцедете ја. Со виљушка ги пасираме. Го додаваме чиа семето и агаве сирупот. Мешаме со лажица и смесата ја ставаме во фрижидер 1 час.

2. Основа- во блендер ги ставаме овесните снегулки, оревите и урмите. Блендираме. Смесата ја ставаме во длабок сад. Ги додаваме медот и аромата од ванила. Со рака замесуваме и формираме топка. Смесата ја ставаме помеѓу две хартии за печење, за полесно да може да го расукувате. Расукуваме тесто со дебелина од 1 цм. Со мала чашa вадиме кругови. Јас извадив 24 кругови. Ги редиме во рамен сад и ги ставаме во замрзнувач 40 минути.

3. Земаме едно кругче, во средина ставаме половина лажиче путер од кикиритки, врз путерот ставаме од филот со јагоди и на крај уште едно кругче и нешно притискаме. Колачињата ги ставаме во замрзнувач. Пред послужување по желба ги чоколадираме со стопено чоколадо со 70% какао , помешано со малку кокосово масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани