Семифредо
Во поголем сад изматете ја слатката павлака со двата вида шеќер, не премногу цврсто.
Додајте ги искршените целуфки, на коцкички исеченото полнето чоколадо (моето беше Киндер со млечно полнење), искршените кекси (моите беа Гранчереали кроканте), румот и нежно измешајте со лажица. Правоаголен длабок калап обложете со транспарентна фолија и истурете ја сместа. Израмнете ја горната површина, покријте со лист фолија и оставете во замрзнувач неколку часа.
Превртете го замрзнатиот десерт на соодветна чинија, извадете ја фолијата и сечете на подебели плочки.
Сите додатоци на павлаката јас ги имав дома и требаше да се дотрошат, а вие можете да ставите чоколадо и кекси какви имате. Количеството на шеќер според мене беше доволно, ама пробајте си и корегирајте го по ваш вкус.
Многу брзо и лесно, а вкусно и "видно" :)))
Лиценца: Сите права се задржани
ODLICNO IZGLEDA A I SPORED SOSTOJKITE SUPER E POZZ:)
Maja, mislev deka celufkite poveke ke se osetat, ama ne, krckavo e samo cokoladoto i keksite. Daniela, te molam ne pravi da se cuvstvuvam deka imam iljada godini :))
Dali sega e podobro?
se izvadiv nekako neli pozz od srce:)
Jas vidov LUDO sto si pravela "po LIle", ama si rekov, ne me lici pod tugi recepti da pisuvam :)) Slikite cist "food porn" :)
http://www.youtube.com/watch?v=5GTO1xvBBGc
а ти љиљо што те нема па те има и морам да те прогонувам по туѓи дворови, обрни ми внимание <a href="http://moirecepti.mk/recepti/vasi-recepti/%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BB-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC/" title="ОВДЕ" rel="nofollow">ОВДЕ</a> те молам :) :) :) :)
П.С
За да нема недоразбирања, овој рецепт е одбран во недостаток на рецепти од предходниот ден кои ги задоволуваат критериумите за рецепт на денот.
Da te prasam i ovde, go napraviv toj likerot od vino, napisav tamu pod receptot. Dali mozi sega da se pravi druga doza ili ne e vreme ?