Семифредо
Состојки
- 1 литар слатка павлака со најмалку 35% м.м.
- 2 - 3 лажици шекер во прав
- 1 кесичка ванилин шекер
- 250 гр целуфки
- 150 гр полнето чоколадо
- 150 гр кекси
- 2 - 3 лажици рум или некој друг ароматичен ликер
Подготовка
Во поголем сад изматете ја слатката павлака со двата вида шеќер, не премногу цврсто.
Додајте ги искршените целуфки, на коцкички исеченото полнето чоколадо (моето беше Киндер со млечно полнење), искршените кекси (моите беа Гранчереали кроканте), румот и нежно измешајте со лажица. Правоаголен длабок калап обложете со транспарентна фолија и истурете ја сместа. Израмнете ја горната површина, покријте со лист фолија и оставете во замрзнувач неколку часа.
Превртете го замрзнатиот десерт на соодветна чинија, извадете ја фолијата и сечете на подебели плочки.
Сите додатоци на павлаката јас ги имав дома и требаше да се дотрошат, а вие можете да ставите чоколадо и кекси какви имате. Количеството на шеќер според мене беше доволно, ама пробајте си и корегирајте го по ваш вкус.
Многу брзо и лесно, а вкусно и "видно" :)))