Започнуваме со биење на 3 белки, 3 лажици шеќер, 2 лажици брашно, 1/2 пециво и кокосовото брашно. Убаво се бијат сите заедно и сместа ја мачкаме на еден лист обланда од рапавата страна и вака намачкана кората ја печиме на превртан плех 20мин. на 170 степени.

За другата кора биеме 3 белки, 1 брашно, 1/2 пециво, мелените бисквити, 150гр ореви, 100гр чоколадо. И оваа смеса се мачка на лист обланда од рапавата страна и печиме 20мин.на 170степени.

Започнуваме со подготовката на филот
Млекото го вариме со претходно биени жолчки,100гр.шеќер,пудингот од ванила. Кога ќе се згусти го тргаме настрана и ги додаваме150гр. бисквити и 200гр.мелени ореви.
Оставаме да се излади и потоа филот ладен го биеме со маргаринот.

Филот го делиме на 2 еднакви дела, во едниот ставаме 100гр.растопено црно чоколадо, а во другиот 100гр.растопено бело чоколадо.

Редењето како што кажав значи оди една лента, фил, пак лента, па од другиот фил, значи наизменично една лента, еден фил, па потоа друга лента пак фил.
На крајот шлаг и рендано чоколадо.

Јас прво ја ставив кората со оревите, па бел фил, потоа кората со кокосот па црн фил, но начинот на редење не е правило, како ви е желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови