Седмо небо
Започнуваме со биење на 3 белки, 3 лажици шеќер, 2 лажици брашно, 1/2 пециво и кокосовото брашно. Убаво се бијат сите заедно и сместа ја мачкаме на еден лист обланда од рапавата страна и вака намачкана кората ја печиме на превртан плех 20мин. на 170 степени.
За другата кора биеме 3 белки, 1 брашно, 1/2 пециво, мелените бисквити, 150гр ореви, 100гр чоколадо. И оваа смеса се мачка на лист обланда од рапавата страна и печиме 20мин.на 170степени.
Започнуваме со подготовката на филот
Млекото го вариме со претходно биени жолчки,100гр.шеќер,пудингот од ванила. Кога ќе се згусти го тргаме настрана и ги додаваме150гр. бисквити и 200гр.мелени ореви.
Оставаме да се излади и потоа филот ладен го биеме со маргаринот.
Филот го делиме на 2 еднакви дела, во едниот ставаме 100гр.растопено црно чоколадо, а во другиот 100гр.растопено бело чоколадо.
Редењето како што кажав значи оди една лента, фил, пак лента, па од другиот фил, значи наизменично една лента, еден фил, па потоа друга лента пак фил.
На крајот шлаг и рендано чоколадо.
Јас прво ја ставив кората со оревите, па бел фил, потоа кората со кокосот па црн фил, но начинот на редење не е правило, како ви е желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Друго имам најпрво еден совет да дадам, секако добронамерен за сите во однос на полесно сфаќање и прегледност на рецептите- состојките би било убаво да се пишуваат по групи, на пр. за тесто посебно, за фил посебно и т.н. што го има како опција кога се пишува рецептот.
И 3 со ова навраќање јас пак исто така имам прашање-како се добил оној црно-бел фил на слика. Пак ќе претпоставувам, можеби се дели филот на 2 и се додава во 1 црно а во др бело чоколадо, но како во текстот не е така пишано, сепак ќе чекам Биле да ми кажи, бидејќи рецептот многу ми се допадна и во некоја прилика сигуно ќе го направам, па да не ја утнам некаде ;)
Pa na krajot svativ deka od napisanoto 200 g cokolado, 100 g odi vo ednata kora a drigite 100 g vo celiot fil. Bile tortata e prekrsana ama te molam za ubavo detalno objasnuvanje za istata. Fala
i uste 100 cokolado ima za korata taka? znaci vo cela torta ima vkupno 300 g cokolado? biljance, te molam ako sakas pisi go uste ednas ubavo od pocetok receptot za tortava
За другата кора биеме 3 белки, 1 брашно, 1/2 пециво, мелените бисквити, 150гр ореви, 100гр чоколадо. И оваа смеса се мачка на лист обланда од рапавата страна и печиме 20мин.на 170степени.Започнуваме со подготовката на филот-Млекото го вариме со пудингот од ванила,100гр шеќер, 100гр чоколадо и биени 6 жолчки и кога ќе се згусти додаваме 200гр ореви и 150 гр мелени бисквити.
За филот-млекото го вариме со претходно биени жолчки,100гр.шекер,пудингот од ванила,Кога ке се згусти го тргаме настрана и ги додаваме150гр. бисквити и 200гр.мелени ореви.Оставаме да се излади и потоа филот ладен го биеме со маргаринот,.Филот го делиме на 2 еднакви дела,во едниот ставаме 100гр.растопено црно чоколадо,а во другиот 100гр.растопено бело чоколадо.Редењето како што кажав значи оди една лента,фил,пак лента па од другиот фил,значи наизменично една лента,еден фил,па потоа друга лента пак фил.На крајот шлаг и рендано чоколадо.Јас прво ја ставив кората со оревите,па бел фил,потоа кората со кокосот па црн фил,но начинот на редење не е правило,како ви е желба,.Се надевам дека сега успеав повеке да објаснам,извинете уште еднаш,поздрав до сите :)
Biljana, tortata e za merak! :)
дискусија се одвива тука на твојов рецепт.
od nevnimanie,i potpolno se soglasuvam so tebe deka ovaa strana e najdobra,pozz do site vas devojki :)