1. Кромидот се сече ситно и се пропржува на масло за јадење
2. Месото се сече на покрупни коцки и се додава во омекнатиот кромид
3. Печурките се сечкаат и се додаваат во месото и се продолжува со пржење
4. Се додава сенфот и сите останати зачини, целото вино и водата и се остава месото да се динста со повремено мешање, (бидејќи залепува на дното од вргањот)
5. Откако ќе дојде при крај течноста, се става во земјен сад да се пече кратко

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани