12
мар
2021
Свинско месо во тава
1. Во тава запржете го лукчето, па потоа и кромитчето. Запржете ги коцките свинско месо, а потоа штом се запржи, ставете ги и печурките. Промешајте ги и оставете да се попржат на тивко.
2. Растворете ја паковката зачин според упатството. Промешајте и додадете ја смесата во месото. Откако добро ќе ја соедините смесата, префрлете ја во тава за печење. Печете на потивко.
3. Пред крајот, додајте го кашкавалот нека се растопи насекаде по површината. Не оставајте да се пресуши, нека има од сосот.
Служете го топличко.
Нека ви е слатко.
Забелешка
Ако е малку вода да се покрие месото, додајте повеќе.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови