Свинско месо во тава
Состојки
- 500 гр свинска кртина
- 300 гр шампињони
- 250гр гауда рендан кашкавал
- 1паковка зачин за свинско месо.
- 400 гр вода за растварање на зачинот.
- 1главица кромид
- 1чешне лук
Подготовка
1. Во тава запржете го лукчето, па потоа и кромитчето. Запржете ги коцките свинско месо, а потоа штом се запржи, ставете ги и печурките. Промешајте ги и оставете да се попржат на тивко.
2. Растворете ја паковката зачин според упатството. Промешајте и додадете ја смесата во месото. Откако добро ќе ја соедините смесата, префрлете ја во тава за печење. Печете на потивко.
3. Пред крајот, додајте го кашкавалот нека се растопи насекаде по површината. Не оставајте да се пресуши, нека има од сосот.
Служете го топличко.
Нека ви е слатко.
Забелешка
Ако е малку вода да се покрие месото, додајте повеќе.