Свилен колач
Колачот си го носи името. Навистина е свилен, нежен, вкусен и се топи во уста.
1. Прво се расукува кора од одмрзнатото лиснато тесто. Јас ја направив кората 30 на 30 сантиметри, ги засеков краевите од сите четири страни за да биде од сите страни кората израмнета. Ова и не мора да го правите бидејќи нема некое влијание дали се рамни краевите.
2. Од тестото се сечат ленти со дебелина од 2 сантиметри. Јас исеков 14 ленти. Можете тука да се послужите и со лењир ама не мора .
3. Се редат на хартија за печење и се печат 10 до 12 минути на 200 степени, за да поруменат. Се тргаат на страна да оладат.
За кремот:
1. Во миксер, пенасто, се мати јајце, шеќер и ванила. Се додава брашно и млеко и пак се мати. Го ставаме кремот да се загрева постојано мешајќи. Кога ќе почне да се згуснува се додава и путерот. Кремот се истура во некоја здела и го покриваме со стреч фолија да олади.
2. Со миксер матиме слатка павлака. Во малку вода го раствараме желатинот.
3. Кога ќе олади сосема кремот, се мати со миксер и му се додава изматената слатка павлака. На крај се додава и растопениот желатин. Се заедно се мати и го ставаме кремот малку да одмори.
4. На хартија за печење (поголемо парче) на едниот крај ставаме од кремот неколку лажици. Врз него ставаме 5 листови од лиснатото тесто. Додаваме крем, пак 5 листови, пак крем, 4 листови лиснато тесто и врз нив оставатиот крем. Со помош на хартијата го замотуваме целиот колач. Од страна ја превиткуваме хартијата и го ставаме во фрижидер. Кога ќе го замотувате редот на лиснатите ленти ќе се изремети, ама не грижете се ,така треба и да биде. Го оставаме во фрижидер неколку часови, а најдобро е да отстои цела ноќ.
5. Бадемите се полеваат со врела вода и стојат во неа половина час. Потоа се лупат од лушпата и се сечат со остар нож на листови. Колку потенки се листовите, толку подобро. Се ставаат во тавче. Најдобро да не се допираат едни со други и едни врз други. Се запекуваат на 120 степени оклу 10 минути односно до бојата која вие ја сакате.
Пред служење колачот се поросува од сите страни со листовите од бадем. Се сече и се ужива во десертот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови