Овој рецепт како идеја за послужување на октопод.
Компирите се варат во лушпата да омекнат. Се оставаат да оладат и се лупат.
Во тенџере се става вода да зоврие. Откако ќе зоврие се става октоподот. Се додава сол, малку бибер и 2 лажици јаболкова киселина. Се остава да вари додека омекне околу 40 мин или проверете со вилушка.
Кога ќе се свари се вади од водата и се сечка на парчиња.
Компирите се сецкаат на коцки и ставаат во поголема чинија. Се додава октоподот и маслинките. Кромидот и магдоносот исецкајте ги и додајте ги во чинијата. Се за зачинуваат со маслото, сол, бибер и сок од исцеден лимон по вкус и се меша.
Салата се покрива со капак и се остава во фрижидер околу 30 мин малку да се олади. Потоа се служи како ладно предјадење или како самостоен оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани