15
авг
2012
Салата од боранија и пченка
Предходно исчистената боранија се сече на парчиња од околу 3см. Се става да се обари 20 минути во предходно зовриена и добро посолена вода. За тоа време се подготвува преливот од ситно исецканиот лук, сенфот и сокот од лимон. Се прецедува обарената боранија и додека е топла се полива со маслиновото масло. Се додава пченката, се меша и се полива со предходно подготвениот прелив. Се посолува и се наросува со бибер. Се служи изладена. Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
п.с.: дали си ти таа истата еднаш што напиша на фб страната песто паста? твојот ник само ме потсети на тоа, па реков ај да си прашам:)