Испечати

Салата од боранија и пченка

Салата од боранија и пченка

Состојки

  • 500г Жолта боранија
  • 250г Пченка од конзерва
  • 3 Чешниња лук
  • 2 лажици фин сенф
  • 1/2 сок од лимон
  • 3 лажици ладно цедено маслиново масло

Подготовка

Предходно исчистената боранија се сече на парчиња од околу 3см. Се става да се обари 20 минути во предходно зовриена и добро посолена вода. За тоа време се подготвува преливот од ситно исецканиот лук, сенфот и сокот од лимон. Се прецедува обарената боранија и додека е топла се полива со маслиновото масло. Се додава пченката, се меша и се полива со предходно подготвениот прелив. Се посолува и се наросува со бибер. Се служи изладена. Добар апетит.