Салата Божиќен венец
1. Оризот и јајцата ги вариме. Крабовите плочки, доматите, магдоносот и кромидот ситно ги сецкаме. Варените јајца и кашкавалот се рендаат.
2. Сите состојки се промешуваат и се додаваат мајонезот, грашокот, солта и пиперот.
3. Во чинија на средина се става тегла и салатата се нанесува околу неа со мало притискање, така се формира венецот и внимателно се вади теглата.
4. Украс. Две крабови плочки се сечат на пола, потоа секоје парче се засекува одозгора и се ставаат парчиња од црвената пиперка, така добиваме изглед на свеќи.
5. Салатата ја украсуваме со ливчиња од магдоносот, зрнца грашок, ситни парчиња црвена пиперка. А одозгора ги ставаме готовите свеќи.
Во салатата може да се додаде лупено ситно исецкано јаболко, во тој случај не препорачливо да се става грашок.
Среќен Божиќ!!!
Лиценца: Сите права се задржани