Торта Божиќен венец
1. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Дното на модла со пречник од 26см. тенко премачкајте го со зејтин и ставете хартија за печење.
2. 4 белки изматете ги во цврст снег со постепено додавање на 75 гр. шеќер. Додадете ги жолчките и кратко изматете. На страна измешајте 70 гр. мелени лешници со 20 гр. брашно и 4 гр. (1 рамно лажиче) пециво. Ова додадете го во белките и измешајте со шпатула. Ставете во модлата за печење и печете 15 минути. Извадете го пандишпанот од модлата, отсранете хартијата за печење и оставете да олади. На овој начин подгответе уште два пандишпања.
3. 500 мл. млеко и шеќерот ставете да се вари. Во останатото млеко додадете ги жолчките и пудинзите и добро изматете со жица за матење да нема грутки. Додадете во зовриеното млеко и сварете густ фил. Тргнете на страна, додадете аромата од ванила, измешајте и ставете стреч фолија врз површината на филот. Оставете да олади. Путерот изматете го пенасто и додадете го изладениот фил. На крај ставете ги мелените лешници и измешајте со шпатула.
4. За белиот фил изматете ја слатката павлака да се згусне и додадете ги мелените наполитанки. Добро измешајте. Овој фил најдобро е да го подготвите кратко пред да ја филувате тортата, затоа што може многу да се стегне и да биде тешко за филување.
5. На чинија за торта ставете го првиот пандишпан и ставете обрач околу него. Се филува со половина од темниот фил, па со половина од белиот фил. Врз тоа ставете го вториот пандишпан и повторете со филувањето. Завршувате со третиот пандишпан. Ставете ја тортата во фрижидер да отстои неколку часа пред да ја декорирате.
6. За ганашот ставете го чоколадото да се стопи на пареа додека да стане течно. Тргнете на страна и додадете го путерот. Мешајте додека се стопи путерот. Ставете во силиконско шише со мал отвор.
Шлаг пената подгответе ја според упатството за употреба и со половина од него премачкајте ја целата торта. Декорирајте со подготвениот ганаш и украсете.
Лиценца: Сите права се задржани