ПРИПРЕМА
Исецечето го зеленчук во форма која вие ја сакате, ставете ги останатите состојки и добро измешајте. Оставете нека стои така 2 часа. Полнете ги теглите притоа налегајки малку, залијте ги со течноста која ја пуштил зеленчукот, затворете и провријте ги тенџере со вода колку да се затворат капачките. Не смеете предолго да ги варите теглите во водата да не се превари зеленчукот, само колку да се затворат капачките.
Изборот на зеленчукот ми е корнишон, зелка и тоа ми се чини највеке ставам од неа, карфиол, морков... а помалку колку за вкус ставам зелени пиперки и зелен домат, важно да вкупно изнесува 15 кгр. Од оваа доза излегуваат околу 20 тегли, може да ја спремате и на половина доза.
Салатата ако забележавте нема конзерванс, а одлично се одржува, можете да пробате уште кога ја собирате во теглите, фантастична. Од сите рецепти што ги има собрано за ваква салата, овој остана еден и единствен по кој спремам и немам намера да го менувам.
Додавам целерови листови, бибер во зрна.
Знам дека е рано за овој вид на зимница, но нека го има рецептот, нека се врти тука, ќе притреба можеби на некој,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани