Квасецот растворете го во топлото млеко, ставете 1 лажица шеќер, малку брашно и оставете го да се активира.
Потоа ставете ги и другите состојки за тестото и убаво измесете го. Оставете го на топло да се дуплира, повторно малку премесете го и пак оставете го да кисне. Потребно му е двапати киснење.
Поделете го тестото на два дела, од секој дел расучете потанка кора и сечете со чаша кругови како за крофни. на секој круг ставете по едно парче чоколадо кое сте го искршиле на парченца и малку исецкан локум. Секој круг најпрво здиплете го на половина, па на четвртина. Спојувајте по три такви дела и ставете ги во калап за мафини во кој сте ставиле книжни корпиња. Кога ќе ги наредите сите оставете ги на топло 30 мин.
Печете на 180 степени само 15 мин. Од целата смеса јас добив 17 ружички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови