Гледајќи ја идејата на интернет добивав впечаток дека е комлицирано, дека нема шанси така убаво да излезе... Меѓутоа собрав храброст и се уверив дека ништо не било страшно, баш напротив, испадна прво па машко!
Главичките кромид одберете ги да не се многу големи.
Пресечете ги на врвот и излупете ги. На долниот дел, кај коренот, не ги сечете, само исчистете ги.
Одозгора пресечете ги на 16 дела, како цвет. На дополнителната слика се пресечени на 8, а потоа со остар нож пресечете ги уште еднаш секој дел. Само внимавајте, не одете скроз до крајот на кромидот.
Ставете едно тесно ама длабоко тенџерче со вода да зоврие. Секое парче кромид варете го 2 минути.
Подгответе некој подлабок сад со ладна вода и ставете му мраз внатре. Како ќе го вадите кромидот веднаш ставајте го во таа вода, да се запре процесот на варење.
Извадете го кромидот од водата и исцедете го.
Подгответе 2 сада, едниот со млекото и јајцето, а другиот со брашното и зачините.
Секое парче кромид најпрво ставете го во млекото, па во брашното, пак во млекото и уште еднаш во брашното.
Кога ќе го набрашнувате, ставете го кромидот на дланката, а со другата рака слободно ширете ги ливчињата инаросувајте со другата рака, да влезе брашно насекаде.
Пржете ги во длабоко масло, неколку минути се додека убаво не заруменат.
Служете со некој тартар сос, со сос од сенф и мед, ставете пржен сусам и уживајте.
П.С.  верувајте, постапката е побрза, објаснувањето е малку пошироко...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани