Од сите состојки само фетата и куркумата се машаат убаво со вилушка и се оставаат на страна.
Во млекото се става сувиот квасец и малку шеќер, малку брашно нека активира прво, па се става во садот со брашно, се додава се останато. Се меси меко тесто, ако се лепи само маслиново масло на работната површина ставајте, се витка во фолија за свежо премачкано масло и се остава во фрижидер на 40 минутки.

Од него издвоив 2 дела и се сукаат не многу по ширина колку по должина, сметајте некаде по 5-6 ролнички да завиете, ете толку долго ги иссукав,овајпат над набрашнета површина.

Во жолчката се капнува по некоја капка масло и со силиконско четче се врви над површината на кората, на самиот крај нанесуваме од фетата и роламе. Така формиран ролатот го сечиме на парчиња, со големина која одговара на вкусот и потребите нормално. Се оставаат да надојдат за 40 мин. се премачкуваат матена белка и се роси сусам, се печат на 210, во плехче над хартија. Нека запечат, па намалете малку, за малку крцкава коричка пред крај на печење ставете сад со вода. Така нека се допечат, извадени од рерна не се прекриваат одма, малку да подоладат - прекрасена боја и мирис.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови