Од состојките замесете тесто како за пица. Оставете го да кисне околу 1 час. Од стасаното тесто рассукајте тенка кора. На неа најпрво нанесете ги листовите кашкавал ајдамер, врз нив листовите пршута, врз пршутата ставете крупно исечени листови свежа блитва а врз блитвата изрендан тврд кашкавал. Посолете малку и нанесете маслиново масло. Од вака наредените состојки со виткање формирајте ролат. Ставете го ролатот на подмачкан плех и ставете го да се пече во претходно загреана рерна од 220 степени околу 20 до 25 минути. Печениот ролат оставете го малку да се олади покриен со крпа и потоа исечете го на ролнички додека е топол. Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови