Испечати

Ролнички со пршута, блитва и кашкавал

Ролнички со пршута, блитва и кашкавал

Состојки

  • 350 гр брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 150 мл млака вода
  • 1 лажиче лимонов сок
  • 1/2 лажиче сол
  • За полнење
  • 100 гр италијанска пршута
  • 100 гр кашкавал ајдамер исечен на листови
  • 70 гр рендан тврд кашкавал
  • 3 листови блитва
  • малку сол
  • малку маслиново масло
  • за премачкување сончогледово масло

Подготовка

Од состојките замесете тесто како за пица. Оставете го да кисне околу 1 час. Од стасаното тесто рассукајте тенка кора. На неа најпрво нанесете ги листовите кашкавал ајдамер, врз нив листовите пршута, врз пршутата ставете крупно исечени листови свежа блитва а врз блитвата изрендан тврд кашкавал. Посолете малку и нанесете маслиново масло. Од вака наредените состојки со виткање формирајте ролат. Ставете го ролатот на подмачкан плех и ставете го да се пече во претходно загреана рерна од 220 степени околу 20 до 25 минути. Печениот ролат оставете го малку да се олади покриен со крпа и потоа исечете го на ролнички додека е топол. Добар апетит!!!