Ролнички од урми
Во поголем сад изматете ги пенесто путерот и крем сирењето. Додајте ги просеаното брашно и солта и повторно изматете да добиете мазна смеса. Тоа е всушност прилично лепливо тесто кое ќе го формирате во правоаголник и завиткано во проѕирна фолија ке го оставите во фрижидер неколку часа.
На урмите извадете ги коските и празнината пополнете ја со ситно сецканите ореви.
На плехот од шпоретот ставете хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 190 Ц.
Со тестото треба брзо да работите и нека просторијата и подлогата за работа ви бидат ладни за да не се растопува тестото. Не додавајте брашно, може подлогата и површината на тестото да ги посипувате со малку шеќер во прав.
Расучете го тестото тенко, 2 мм и исечете го на мали правоаголничина, некаде 2,5 на 7,5 цм.
Секое парче тесто завиткајте го околу една урма и ставете го на плехот со споената страна надолу.
Печете ги колачите 15 мин. Сосема малку дното да се зарумени.
Жешки извалкајте ги во шеќер во прав. На жица оладете ги до крај и чувајте ги во затворена кутија на собна температура.
Лиценца: Сите права се задржани
Devojki, kvasecot i brasnoto v race, mekici i krofni za denes :))))))
Imave vnuk, 4 kg, 52cm
Neka ni e zdrav i ziv !!!
Denesniot den e blagosloven,
Neboto e vo poln sjaj - se rodi nova ZVEZDA!
Na mojot i nas Ludvig, na tatence i dadicka neka im e cestito,
Da e zdrav i ziv!
Ne mozam da se spakovam, zatoa me nema...
Vo prvata prilika i Sneska ke se pojavi :)) Sega malku majka da bidi :))
Е бидејќи овој рецепт и информативен за добри вести стана, еве тука да се придружам на благословите погоре и јас со честитки до Лудо и Шеќерко, среќните родители и на малишанот да му посакам убав живот во секој поглед.
И Снешка можи да си биди малку мајка, ама ми вети дека рецепт ќе вади... веќе го напишала, само слика од бебушот се чека. Е па, ветување си е ветување Лудо: А јас како и добар дел овде си чекам со веќе спремана слика од одамна испробан рецепт :)))
П.С. : Лудоооо!!! Нели ти реков јас на средбата дека ова од простум ќе м. ча(она, мене ќе ми криела полови ;) )
во наш стил се распослала трпеза, од убава поубава....камо таква среќа вака да ме хранеа во болница, а не тоа бљувотината што ни оние со срцеви проблеми и шеќер не ја сакаат :) :) :) :)
како што знаете среќко две цртки стана реален лик со име ОГНЕН :)
овде ќе ви ставам само една слика, а со другите ќе ве отрујам на ФБ и мејл.
во принцип шеќерко мој ми го дозашеќери животецов и си донесов на свет уште едно што лични на него. потполно исто како младунче кога беше бебе, само плавушанче :) :) :) :)
па така сега си имам шеќерко, шеќерно младунче (темно рум) и ванилин шеќер. (ова вкаа го кажав за да ме разберете, кој си е по готвењето, не знае поинаку да се ОДРАЗИ) :) :) :) :)
медоина :)
ќе се вратам после да видам шта се кухало док су ме терали да једем помију :) :) :) :)
Sega imas dve deca za vo zurnal...Razmisli :))))
A ti ne znaese li da se pojavis vo kujna i da im pokazes kako se sprema vistinska hrana ?!!
Да сте здрави и живи и да им се радувате на овие ангелчина:)) Нема поубаво нешто од нив:)