Испечати

Ролнички од урми

Ролнички од урми

Состојки

  • 226 гр путер на собна температура
  • 226 гр крем сирење, на собна температура
  • 256 гр брашно
  • 1/4 лажичка сол
  • За полнење
  • 60 свежи урми
  • 150 гр многу ситно сецкани ореви
  • За посипување на работната маса и колачите
  • по потреба шеќер во прав

Подготовка

Во поголем сад изматете ги пенесто путерот и крем сирењето. Додајте ги просеаното брашно и солта и повторно изматете да добиете мазна смеса. Тоа е всушност прилично лепливо тесто кое ќе го формирате во правоаголник и завиткано во проѕирна фолија ке го оставите во фрижидер неколку часа.
На урмите извадете ги коските и празнината пополнете ја со ситно сецканите ореви.
На плехот од шпоретот ставете хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 190 Ц.
Со тестото треба брзо да работите и нека просторијата и подлогата за работа ви бидат ладни за да не се растопува тестото. Не додавајте брашно, може подлогата и површината на тестото да ги посипувате со малку шеќер во прав.
Расучете го тестото тенко, 2 мм и исечете го на мали правоаголничина, некаде 2,5 на 7,5 цм.
Секое парче тесто завиткајте го околу една урма и ставете го на плехот со споената страна надолу.
Печете ги колачите 15 мин. Сосема малку дното да се зарумени.
Жешки извалкајте ги во шеќер во прав. На жица оладете ги до крај и чувајте ги во затворена кутија на собна температура.