20
мај
2013
Ролнички од пилешки стек
1. Сенфот и мешаниот сув зачин ги ставаме во еден сад и ги мешаме заедно.
2. Парчињата пилешки стек ги чукаме од двете страни, да добиеме тенко парче стек.
3. Врз секое парче стек ставаме по едно мало лажиче од мешавината (сенф и мешан сув зачин). Размачкува по целата површина на стекот. Врз секое парче стек ставаме шумкова салама и кашкавал.
4. Го виткаме стекот во ролничка. Прицврстуваме со чепкалки.
5. Јајцата ги матиме. Секоја ролничка од стек ја валкаме во изматените јајца, потоа во брашно, па во презла. Пржиме во загреано масло.
Лиценца: Сите права се задржани
Поздрав до сите