Пилешкото бело месо го сечиме на пола во должина, за да добиеме 2 шницли, кои потоа попречно ги расекуваме и отвораме. Вкупно добиваме 4 шницли, од 2 -те меса по 2. Преку најлонска фолија или ќеса ги тенчиме со чукање со чеканче.
Ги премачкуваме со сенф, посолуваме со сол, зачинуваме со мешан сув зеленчук, црна пипер и малку кари. Ги завиткуваме во ролати и оставаме да отстојат, а за тоа време го спремаме филот.

Исчистениот и измиениот спанаќ го обваруваме во солена вода, а потоа го цедиме и сецкаме. Го мешаме со изренданото сирење или изварка. Додаваме сол, ако е потребно.
Истанчените шницли ги филоваме со филот по целата површина, по желба можи скалесто да наредиме и кругови чајна или кулен на почетокот на шницлата, страничните краеви ги виткаме по малку према внатре и роловаме.
Убаво ги стегнуваме и ги валкаме во брашно, разматените јајца во кои можи да додадеме малку кисела вода, па во презлата.
Ги пржиме во загреана мрснотија од сите страни додека поруменат.
Ги вадиме на кујнска хартија, за да се впие вишокот мрснотија....
Добар апетит!!!!
*Можи да гарнирате со рижото и рагу од шампињони....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани