Ролат со свинско месо
Месото се истенчува и се посолува.
Пиперките кои ги употребував се оние како за ајвар, беа замрзнати и потоа се одмрзнуваат.
Урдата се меша со јајцата и со краставичките кои што се сецкаат. Се додава по вкус сол и бибер.
Секоја пиперка се полни со смесата од урдата.
Доколку месото ви е поголемо парче може сите пиперки да ги наредите врз месото и да ги свиткате во ролат.
Во мојот случај имав помали парчиња месо каде што ми собираше само да завиткам една пиперка, и краевите се затварат со чепкалки за да не истече од филот.
Вака подготвениот ролат се става во подмачакана тава и се пече на 200 степени додека да добие убава боја, во меѓувреме може и да се преврти од другата страна за да зарумени и таа.
Одкако ќе биде испечен се сече на кругчиња- парчиња и се сервира.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови