Ролат од свинско филе со суви сливи и брусница
1. Сувите сливи и брусницата ги ставаме во чаша со жешка вода да стојат 20тина минути.
2. Фил - Кромидот ситно го сецкаме и го ставаме во тавче на оган со загреано маслиново масло да се пржи. Морковите ги лупиме и сечиме на тенки надолжни ленти. Ги додаваме во кромидот, пржиме. Откако ќе омекнат морковите ги додаваме исцедените од вода сливи пресечени на пола и брусницата. Го додаваме шеќерот и уште малку пропржуваме.
3. Месото го разлистуваме со нож и на даска го чукаме да се истенчи. Од двете страни ставаме сол и црн бибер и со рака втријуваме. На средина од месото го ставаме филот. Гауда кашкавалот го сечиме на тенки ленти и ги ставаме врз филот. Виткаме во ролна и со помош на чепкалки го зацврстуваме. Во округла така во која после тоа ќе се печи ролатот ставаме маслиново масло и ја ставаме на рингла да се загрее маслото. Месото го пржиме од двете страни 10 тина минути, го додаваме коњакот да се фламбира месото. Откако ќе се изгасни пламенот го додаваме оцетот и белото вино. Ги додаваме компирите претходно исечени на коцки и зачинети ( Компирите ги лупиме, сецкаме на коцки и ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме солта, мешаниот сув зачин, црвениот пипер, лукот во прав и маслиновото масло. Промешуваме.) Врз месото ставаме рузмарин.
5. Тавата ја ставаме во загреана рерна на 200 степени. Печиме околу 1 час, зависно од рерната, го проверуваме месото и компирите дали се готови .
Лиценца: Сите права се задржани