Прекрасно старинско јадење од нашите баби во мојот крај, можеби едно од најомилените во зимскиот период.
Брзо и едноставно се подготвува, а доколку сакате да биде автентично, направете го во грне.
1. Најпрво изрендајте го кромидот, исечете го на кругчиња морковот и на покрупни парченца пиперките, јас додавам и лута
2. Издинстајте ги кратко во покриен сад, може во грне на рингла со црвениот пипер и црниот во зрна
3. Сега испржете го филето да зарумени, исечено на крупни парчиња, но кратко за да не се стврдне
4. Кога ќе биде готово спуштете ги парчињата во грнето или садот каде сте го зготвиле зеленчукот, заедно со сосот кој го пуштаат при пржењето, додајте сол, сушен зеленчук и сливите
5. Оставете 5 минутки на рингла да се соединат сите состојки
Вкусот е прекрасен, кој не сака луто не мора, но мене ми е преубав токму тој вкус, луто, киселкасто, а за тоа колку е здраво не треба да кажувам, знаеле нашите зошто го готват. Можете да го комбинирате по ваш вкус, јас го комбинирам со компир, иако не е потребно ништо друго, само по себе е доволно и пребогато.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови