Многу лесен за подготовка а исто така и многу лесен за консумирање.
Пандишпанот
Се одвојуваат белките од жолчките белките се матат со шеќерот додека да се добие убава пена. Во нив се додава една по една од жолчките се додека да се соединат убаво.
Потоа се додаваат брашното и густинот и се промешува со лажица.
Смесата се дели на два дела во едниот се додава какао.
Во тавче обложено со хартија за печење по сопствена желба се ставаат двата дела од пандишпанот за да се добие некоја интерсна шара.
Пандишпанот се пече во загреана рерна на 180 степени се додека добро да се испече.

Кремот или филот
Во тенџере на оган се ставаат водата, аронијата и шеќерот за да зоврие се додека да се стопи шеќерот и да поврие околу 10тина минути. Во друг сад се промешуваат 200 мл. вода со густинот и прашокот за пудинг. Откако ќе зоврие претходната смеса се додава во неа мешавината со прашокот за пудинг и се меша се додека убаво да се стегне.
Кремот се остава на страна за да се олади.
Откако ќе се олади се нанесува врз веќе испечениот и оладен пандишпан.
Се витка во ролат и се остава во ладилник за да се стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови