Ролат пица
Најпрво се подготвува преливот за премачкување на корите. Јајцата се матат со вилушка, се додава киселата павлака, зејтинот и сол, се меша убаво да се добие хомогена смеса.
Во пакувањето од 500 гр. кори, имав 17 кори, и направив 5 ролати (2 ролати од 4 кори и 3 ролати со по 3 кори).
Секоја кора се премачкува со отприлика 2 лажици од преливот за премачкување на корите, се редат 4 кори една врз друга и на последната се распоредува од шунката и кашкавалот, се посолува и малку оригано. Се подвиткуваат корите од страните и се витка ролат. Истата постапка се повторува и со останатите кори. Добиените ролати се редат во плех обложен со хартија за печење или во плех подмачкан со зејтин и се премачкуваат ролатите со остатокот од преливот за премачување на корите. По желба може да се насоли и сусам.
Се пече во рерна загреана на 200 степени, околу 25 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Драга Сања
Рецептот е прекрасен, но за во идинина обрни повеќе внимание на главната фотографија. Обиди се да фотографираш на дневна светлина или барем без блиц. Ако можеш да фотографираш без блиц, употреби како светло некоја ламба која ќе осветлува од страна.
Се надеваме дека ти помогнавме.
Поздрав :)
Но, за жал - ти си веќе наш редовен готвач и нема да може во иднина да одбираме рецепти со вакви главни фотографии во изборите.
Ти благодариме на разбирањето.