Ролат од три вида месо
На меленото месо му го додаваме ренданиот кромид, исцеденото парче леб од минералната вода, која претходно сме го наквасиле, јајцето, зачините.Месиме со рака додека добиеме компактна смеса.Оставаме во фрижидер најмалку 2 часа.
Го подготвуваме и пилешкото.Ги расекуваме пилешките гради надолжно, ги посолуваме и ставаме во најлонска кеса преку која ги танчиме со кујнски чекан.
Ги премачкуваме со сенф, зачинуваме со мешан сув зеленчук, црна пипер, по желба и кари.И него го одлагаме во фрижидер на некое време.
Морковите ги вариме и ги оставаме да се ладат.
На намрсена алу фолија го расплескуваме меленото во правоаголна кора.
На средина врз него го ставаме пилешкото (видете на дополнителните фотографии) и на крај морковите.Со помош на фолијата, убаво стегнато виткаме ролат.Завиткано го ставаме во правоаголен калап.
Се печи во загреана рерна, околу 1 час на 200 степени.При крај ја расекуваме фолијата, ја тргаме за ролатот да добие на боја.
Малку да подизлади, па сечиме.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Еве нека стои тука и мојот начин на подготовка http://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%BE