На почеток јајцата ги делиме во два различни сада. Најпрвин ги матиме жолчките со четири лажици шеќер, белките ги матиме исто со четири лажици шеќер.
Двете смеси ги соединуваме со лажица и полека го додаваме брашното и какаото.
Смесата се сипува во плех со големина на релната обложен со хартија и печеме на 180степени триесет минути.
Почнуваме со подготовка на филот.
Од млекото оделуваме 200мл и во него го мешаме пудингот и густинот. Смесата ја сипуваме во зовриеното млеко и шеќерта откако ќе се згусне тргаме на стана и ја додаваме чоколадата.
Шлаг кремата ја матиме и една третина од неа сипуваме во изладениот фил матиме со миксер. Ролатот прво го филуваме со чоколадниот фил потоа врз него шлаг крема и го мотаме ролатот.
Украсуваме со остатокот од филовите. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани