21
јан
2015
Розова салата со цвекло и компир (посно)
Еве и од мене една посна, но за мене многу вкусна салата. Имам и други јадења кои „случајно“ се посни, но оваа салата се служи кај едни мои пријатели за Св. Никола па затоа ми е врежана како посна.
Посебно сварете ги компирите во лушпа и цвеклото. Кога се сварени, излупете ги и исечете ги помали парчиња. Додете ги краставичките исечени на тркалца и кромидот на полумесечинки. Зачинете по вкус и оставете ја салатата малку во фрижидер да се спојат вкусовите. Се ќе стане розово, ама во различни нијанси.
Може да се послужи и како прилог со риба, одлично одговара.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани