Еве еден предлог за подготовка на ориз од кинеската кујна. Едноставен и многу вкусен.
Во зовриена посолена вода ставете го да се вари оризот 10 минути. 5 минути пред крајот додајте го грашокот и тој да вари заедно со оризот. Потоа исцедете ги и оставете ги на страна.
Во тава ставте малку масло и пропржете ја шунката малку да зацрвени. Оставете ја на страна.
Кромидот изрендајте го или ставете го во сецко да се иситни.
Јајцата изматете ги со вилушка како кајгана заедно со пола од кромидот, малку сол и бибер и испржете ги на масло. Изгмечете ги со вилушката и оставете ги на страна.
Во голема тава или во вок тава ако имате на малку масло пропржете го останатиот кромид колку да пушти мирис. Додајте го оризот и грашокот и мешајте 2-3 мин на огнот внимателно да не загори. Потоа додајте ги шунката, јајцата и соја сосот. Убаво се измешајте се заедно и послужете го додека е топол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани