Тестенините ризони сварете ги како стандардни тестенини, во зовриена посолена вода околу 7 до 10 мин. За тоа време во загреана вок тава со масло пржете го кромидот исечен на кругови, додадете го морковот исечен на листови, потоа сечената на коцки листови зелка и свежите печурки. На страна на пареа малку обарете го карфиолот и брокулата исечени на парчиња, доволно е 5 мин. Убаво испржете го зеленчукот, не да се препржи, туку да омекнат сите состојки, по желба може да додадете и малку вода за да се издинста малку зеленчукот. Додадете сол, бибер, ѓумбир во прав и куркума. При крај додадете ги обарените на пареа брокула и карфиол, додадете соја сос и сервирајте од зеленчукот со сварените само исцедени посолени тестенини. По желба и врз нив нанесете од соја сосот и малку маслиново масло.
Добар апетит
Ова е уште еден рецепт кој може да се спреми во деновите на пости, за оние кои постат

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови