Ризони паста (паста во вид на ориз)
Состојки
- 250гр ризони тестенини
- 150гр зелка
- 150гр карфиол
- 150гр брокула
- 1 голем морков
- 1 главица црвен кромид
- 1 главица бел кромид
- 150гр свежи печурки по желба
- по желба бибер, сол и ѓумбир во прав,куркума
- по вкус соја сос
- по желба масло
Подготовка
Тестенините ризони сварете ги како стандардни тестенини, во зовриена посолена вода околу 7 до 10 мин. За тоа време во загреана вок тава со масло пржете го кромидот исечен на кругови, додадете го морковот исечен на листови, потоа сечената на коцки листови зелка и свежите печурки. На страна на пареа малку обарете го карфиолот и брокулата исечени на парчиња, доволно е 5 мин. Убаво испржете го зеленчукот, не да се препржи, туку да омекнат сите состојки, по желба може да додадете и малку вода за да се издинста малку зеленчукот. Додадете сол, бибер, ѓумбир во прав и куркума. При крај додадете ги обарените на пареа брокула и карфиол, додадете соја сос и сервирајте од зеленчукот со сварените само исцедени посолени тестенини. По желба и врз нив нанесете од соја сосот и малку маслиново масло.
Добар апетит
Ова е уште еден рецепт кој може да се спреми во деновите на пости, за оние кои постат