Прво лигњите и морските плодови се ставаат во тенџере да провријаат 2-3 минути. Се цедат од водата.
Потоа на загреано маслиново масло се пропржуваат сецканиот кромид и морковот. Се додаваат грашакот и оризот, кратко се запржува и се зачинува.
Се налива една мерица вода 300 мл и крчка се додека да испари течноста.
Се додаваат лигњите и морските плодови, виното и 200 мл вода.
Крчка се додека оризот не ја впие течноста.
Повторно се додаваат 300 мл вода и се вари до крај.
На крај се додава сецканиот магдонос
( размерот треба да биде 1:3, една чаша ориз, а три чаши вода).
Извинете не успеав да направам слики сервирано во тајнир.
Брзо почна да се дегустира

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани