7
окт
2013
Кускус со морски плодови во пиперки
Исечете ги бабурите во горниот дел, остранете ги семките, осолете и оставете ги да одстојат. Попржете ги морските плодови на масло, додадете ги исечканите домати, солта и црниот пипер. Додајте го кускусот и супата од зеленчук, измешајте ја смесата и тргнете ја од оганот.
Со оваа смеса наполнете ги бабурите. Наредети ги наполнетите бабури во тава,попрскајте ги со маслиново масло, поклопете ги со исчистените капаци и печете ги околу 1 час во рерна на 200 степени. Полнетите пиперки послужете ги топли.
Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови