Рибја чорба
Прво рибата се вари 10мин. Потоа се сечка на парчиња и се додава 1500мл вода и 300гр икра. Сето ова се вари 15мин. Се додаваат 3 рендани моркови кои прво се запржуваат на масло.
Настрана се прави ладна запршка од 3лажици брашно кои се мешаат со 200мл масло кое се додава полека во водата каде се вари чорбата. Се вари 15минна крајот се додава 2лажици вегета, бибер во зрна по вкус и 2,3 парчиња лимон во самото варење и се исклучува чорбата. Пријатно!
Совет
Маслото не се запржува туку се меша со брашното и не изгледа чорбата многу мрсна. Ако се нема икра може да се прави и без неа, а може да се прави и со која било друга риба само убаво да се исчисти од коските.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови