Уште едни колачи од збирката на стари колачи од детството...
Подготовка.
1. За тестото изматете ги јајцата и шекерот со миксер.Додадете го зејтинот,брашното,ванилата и прашакот за пециво.

2. За форми на колачите оставам на вашата фантазија. Можете да ги користите калапите на делимано.Јас формирав мали топчиња еден дел ги оставив да се печат така како што се, додека другите ги притискав со прсти.

3. Се печат на 180степени многу кратко,внимавајте можат бргу да изгорат. Печени се лепат со мармалад по желба или крем.

4. За глазурата ја топиме чоколадата на пареа или тивок огин заедно со зејтинот. Секое колче го натопуваме со чоколада.
Може да се посипат со кокос или ореви.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови