8
фев
2014
Ролат со ресана колачи и ореви
Се зема еден лист обланда и се става меѓу 2 влажни крпи да омекни.
На страна во тенџере се тура водата, шеќерот, маргаринот и гризот.
Се вари додека гризот да се свари и филот да се згусни.
Се трга од огнот и се додаваат 18 -20 лажици мелени ореви. Убаво се промешува.
Листот обланда се мачка со половина од филот и на крајот и во средината на обландата се редат ресани пресечени на половина.
Одозгора се нанесува останатиот фил.
Се витка ролат и се остава убаво да се излади. Се сечи на парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани
Обландата многу убава!
не се лутам, туку препорачувам да си ја направите, па да си уживајте
поздрав