Ова на секого му е познато, стар-престар рецепт,
Подготовка

1. Тиквата исчистете ја, излупете и исечете на парчиња како вие ќе одберете - има ребрасти ножови, една справа која вади спирали од тиквата, специјалното лажиче за вадење топчиња... останува на вас и зависи која алатка ја поседувате.
2. Растворете ја варта во вода, оставете да се сталожи, прецедете ја водата и ставете ја исечената тиква биде облиена.
3. Кога веќе тиквата ја добила потребната цврстина, се вади и се добро мие во неколку води.
4. Во тенџере ставете го шеќерот, додадете ја водата, ставете на оган. Кога ќе проврие водата со шеќерот (не правите шербет) ставете ја измиената тиква и нека се вари.
5. Кога ќе почне да се згустува шербетот, почнете да ја прскате тиквата со вода за да овозможите да се истата добро свари.
6. Пред самиот крај ставете лимонтусот, уште малку да повари и тргнете.
7. Во топлите рачели доколку имате ставете малку листови од цвекето Розетла, кај нас го викаме Кат,рче- прекрасна арома ќе им даде.
Соберете во тегли и уживајте во оваа прекрасна сладилица.

НАПОМЕНА
- Парчињата тиква треба да бидат сечени подебели за да навистина се почувствува тој чудесен шмек внатре.
- Времетраењето на стоење на тиквата во варовитата вода зависи од самата јачина на варта.
- За да се свари добро тивката потребно е повеке вода, затоа велам не правете шербет туку веднаш ставете ја да има доволно време да се истата свари, а зависно од самата сорта на тиквата, некоја сака повеке варење, затоа се попрскува со вода додека се вари - јас за 2 кгр. тиква потрошив 1 кгр,. вода додавајки ја токму во фазата кога почнува да се згустува шербетот.
- Розетлата ако ја немате и така ке може да минаваат рачелите, тие сами по себе си се вкусни.
- Сортата на тиквата која најчесто ја користам е онаа што ние ја викаме Зелникарка, Хокаидо, а може и друга сорта, само да е добро узреана.
Ќе се сложите дека е прекрасен осетот на непцето, крцкаво, а сепак внатре сочно и вкусно!
Нека ви е слатко!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани