Растурени шпагети
Најпрво сварете ги шпагетите и пола ставете ги во плехчето каде претходно сте ставиле од доматното пире.
На страна испржете го кромидот, додадете го меленото месо и на крај шампињоните. Се добро се пржи. При крај се додаваат киселите краставички и останатото доматно пире. Пржете уште малку да добиете погуста смеса.
Со вака подготвен фил прелијте ги шпагетите и покријте ги со останатите сварени шпагети. Одозгора ставете прелив од јајцата разматени со павлака и млеко. Се става да се пеце на 210 С додека не поцрвенат.
Добар апетит
Знам дека долго време ме немаше но од оправдани причини, но сега повторно сум тука и ќе продолжи нашата дружба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mene mi se ubavi :)))