
24
фев
2015
Раженчиња со зеленчук и тофу сирење
Тофу сирењето исечете го на коцки. Јас го исеков на 24 за да направам 8 раженчиња, толку ми беа потребни. Големината може и сами да си е одредите.
Ставете ги во чинија, додајте ги зачините и маслото. Измешајте ги и оставете ги да стојат околу 1 час.
Во меѓувреме зеленчукот исечете го на парчиња во големина од сирењето.
На секое раженче наизменично наредете по 3 парчина сирење и 3 парчиња од зеленчукот.Во маслото каде стоеше сирењето додајте ги киселината и соја сосот и измешајте.
Печете ги на загреана грил тава и вртете ги од сите страни. При печењето со четче мачкајте ги со сосот.
Се служат топли со сварен ориз или кус кус.
Лиценца: Сите права се задржани