Равиола во путер со ореви
Ова е нешто што многу често сум го гледала по теливизииве и се токмев да го направам кој знае од кога, ама еве им дојде редот.
Ги направив на мој начин и презадоволна сум од крајниот резултат.
Овој рецепт е успешен ако пастата ви е доволно тенка, а јајцето кога ќе се расече равиолата треба да истече. Значи времето на варење е клучно за рецептов да биде успешен.
Најпрвин замесете го тестото од брашното, јајцето и прстофат сол.
Замотајте го во најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер најмалку 1 час.
Во меѓувреме обарете ја блитвата исечете ја на парчиња и откако ќе олади измешајте ја со рикотата и малку сол.
Тестото развлечете го со сукало во прилично тенка кора.
Исечете 4 поголеми коцки.
На една коцка тесто во вид на гнездо нанесете од смесата со блитва и рикота.
Во средината ставете 1 жолчка и покријте со друга коцка тесто.
Со прсти притиснете околу смесата, а потоа со влиушка со притискање затворете ја убаво равиолата од сите страни.
Во убаво зовриена солена вода ставете ги равиолите да се варат околу 2 минути.
Во меѓувреме во тава на оган ставете го путерот да се растопи.
Оревите ставете ги во кујнски сецко да се сомелат, па додајте ги во растопениот путер.
Оставете ги да се запржат додека добијат убава кафеава темна боја(но, внимавајте да не ги изгорите).
Откако равиолите ќе се сварат додајте ги на кратко во тавата на оган.
Во чинија за сервирање ставете ја равиолата и посипете со путерот со ореви.
Лиценца: Сите права се задржани
Cestitki za RD!!
Ако не се лажам нешто слично беше предизвик во МастерШеф и баш тој момент на сечење беше клучен ... кај тебе баш погодено.
Ги видов и др. рецепти за тестенини, преубави сите до еден ... твоја тема си беше ова :)
НЕ НОР МАЛ НО! :)
дури и ми падна на ум дека може да е благо. мајке ми, мислев дека е нешто со праска, мед и ореви. гладна кокошка просо сонува :) :) :) :)